Инцидент во Молдавија: Граничната патрола открила падната ракета, не се знае од каде дошла

Од:

Министерството за внатрешни работи на Молдавија соопшти дека граничната служба пронашла падната ракета во близина на градот Бритени на северот на земјата, но не е прецизирано од која страна дошла.

„Објектот го откри граничната патрола во градина кај Бриќен. Во согласност со акциските планови на МВР, граничната служба ја опколи територијата на која е пронајдена ракетата“, се вели во соопштението на прес-службата на МВР, пренесува РИА Новости.

На 15 ноември ракета падна на територијата на Полска во близина на границата со Украина, при што загинаа две лица. Првично се шпекулираше дека се работи за руски ракети.

Меѓутоа, полскиот претседател Анджеј Дуда подоцна изјави дека нема докази дека паднала руска ракета и дека е „голема веројатност“ дека припаѓа на украинските воздухопловни сили. НАТО презентираше слични податоци.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ