Инцидент со американски дипломати во Русија

Од:

Тројца американски дипломати се симнати од воз во близина на рускиот град Северодвинск, бидејќи влегле на таа територија без соодветна дозвола.

Во соопштението на руското Министерство за надворешни работи се наведува дека американската амбасада во Москва побарала дозвола за официјална посета на дипломатите, но таа важела само за Архангељск, но не и за Северодвинск.

Поради ваквиот инцидент, руското МНР соопшти дека ќе испрати протестна нота до Вашингтон.

Северодвинск е град во северниот дел на областа Архангељск, меѓутоа во тоа место е забранет пристап за странски државјани и за влез е потребна посебна дозвола. Во тој град се наоѓа одбранбената индустрија на Руската Федерација, а познат е по компанијата „Севмаш“ која произведува подморници.

Би можело да ве интересира

Девојче го нашле мртво во голема цевка, мајката очајна го тужи хотелот

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он