Илјадници средношколци на протест против „диносаурусите“ од власта во Тајланд

Од:

Со парада на луѓе облечени во костуми на диносауруси, кои го претставуваат тајландскиот естаблишмент, средношколци денеска поведоа протест на илјадници луѓе во Бангкок со повици за уривање на владата и реформа на монархијата.

Тоа е првиот голем протест откако премиерот Прајут Чаноча во четвртокот рече дека полицијата ќе ги спроведе сите закони против демонстрантите, кои станаа најголем предизвик за тајландските власти во последно време.

„Ние ги претставуваме метеоритите кои ги уништија диносаурусите“, рече 15-годишниот водач на средношколците Бенџамапорн Нивас.

Протестите, кои се одвиваат од јули, се однесуваат на три основни барања: отстранување на поранешниот лидер на хунтата Прајут од функцијата премиер, нов устав и реформа на монархијата.

Но, средношколците бараат и поголема слобода и пофер третман во образовниот систем, за кој тврдат дека е архаичен и првенствено е насочен кон поттикнување на послушноста.

Многумина, исто така, зборуваа за важноста на родовата еднаквост.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

(ВИДЕО) Протест „Против Путин“ на некои избирачки места во Русија

Горан Наумовски

Дваесетина уапсени на антивладините протести во Тел Авив

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Немири во Индија поради уривање на џамија, четворица мртви

(ВИДЕО) Десетици повредени на антиреформските протести во Буенос Аирес

Повеќе од 150.000 луѓе на антидесничарскиот протест во Берлин

Горан Наумовски