Илјадници Руси вратени дома, не ги исполнуваат критериумите за мобилизација

Од:

Гувернерот на областа Хабаровск рече дека за десет дена, неколку илјади мажи се пријавиле за служба, но дека многу од нив не се квалификувани за борба.

Илјадници Руси мобилизирани за воена служба во Украина се вратени дома откако беа прогласени за непогодни за должност, што е последен удар за одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да мобилизира 300.000 војници.

Михаил Дегтјарев, гувернер на областа Хабаровск на далечниот исток на Русија, рече дека за десет дена неколку илјади мажи се пријавиле за служба, но дека многу од нив не се квалификувани.

„Околу половина од нив се вратени бидејќи не ги исполнувале критериумите за отслужување воен рок“, рече Дегтјарев во видео пораката на Телеграм.

Повик за мобилизација

По првиот повик за мобилизација во Русија по Втората светска војна, кој беше објавен на 21 септември, дојде до бран на пребегнување на руски мажи во странство.

Во поканата се наведува дека лицата со воено искуство ќе бидат испратени на воена служба во Украина.

Во Русија расте критиката за војната на Путин во Украина. Приближно 2.000 луѓе беа уапсени на антивоените протести во повеќе од 30 градови, додека независните медиуми објавија дека некои од нив добиле повици за мобилизација додека биле во притвор.

Руските претставници кои вообичаено го поддржуваат претседателот, исто така, го изразија својот гнев поради мобилизацијата. Валентина Матвиенко, спикерот на Горниот дом на Федералното собрание на Руската Федерација, рече дека грешките во испраќањето покани се „апсолутно неприфатливи“.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Над два проценти од буџетот за одбраната догодина, на затворена седница Владата ќе одлучува за нов пакет помош за Украина

ВИДЕО: Русите го нападнаа Киев од различни правци со беспилотни летала, oштетени згради и далноводи

Катерина Ѓуровски

Украинците ги чекаат иборите во САД во страв дека Трамп ќе ги напушти

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Украина и Русија тајно започнуваат нови преговори објави Financial Times

Кремљ му се закани на германски гигант за производство на оружје