Илјадници луѓе во Канада се евакуирани поради шумски пожари и поплави

Од:

Една недела на рекордно топло време во западна Канада принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови поради шумските пожари кои беснеат во делови на Алберта и поплавите од брзото топење на снегот во внатрешноста на Британска Колумбија.

До вчера, повеќе од 13.000 луѓе добија наредба за евакуација во Алберта, каде горат 78 пожари. Меѓу најтешко погодените е областа Литл Ред Ривер Кри нација, каде пожарот проголта 20 домови и полициска станица.

Алберта оваа година имаше 348 шумски пожари и изгоре повеќе од 25.000 хектари, а властите очекуваат потопло, поветровито време и повеќе шумски пожари.

Би можело да ве интересира

Уапсен маж од радовишко, предизвикал пожар кај „Раклишки чаири“

(ВИДЕО) Гори зградата на позната нафтена компанија во Судан

Горан Наумовски

Пожар во Аланија, превентивно се евакуира населението

(ВИДЕО) Во Истанбул: Пожар го зафати покривот на Капали чаршија

Канада „ветената земја“ во која младите се враќаат кај родителите, а улиците полни со бездомници

Бројот на загинати во шумските пожари на Хаваите се намали на 97