Илјадници луѓе учествуваа на парадата на гордоста во Букурешт

Од:

Околу 10.000 луѓе вчера се приклучија на парадата на гордоста во Букурешт, речиси една година откако во Романија не успеа референдумот за забрана на истополовите бракови.

Учесниците на Парадата маршираа, танцуваа и вееја знамиња со боите на виножитото во центарот на главниот град на Романија. Според организаторот овогодинешната Парада на гордоста беше помасовна од претходната.

Романија ја декриминализира хомосексуалноста во 2001 година.

Дводневниот референдум, кој чинеше 40 милиони долари имаше за цел промена на Уставот, со цел бракот да биде строго дефиниран помеѓу маж и жена, за разлика од моментално „родово неутралните сопружници“.

Би можело да ве интересира

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет

Во Романија: Момче сакало да ги убие соучениците

Горан Наумовски

Романија: Најмалку 27 луѓе се спасени од планинските области, девет лица се во болница