Илјадници луѓе протестираа во Лондон за правата на Кашмир

Од:

Илјадници луѓе со знамињата на Пакистан и на Кашмир денеска протестираа пред индиската амбасада во Лондон, давајќи му поддршка на овој хималајски регион.

Индиската Влада на 5 август го укина членот 340 од индискиот Устав што на овој регион му ја гарантираше автономијата по сите прашања, освен надворешната политика, одбраната и комуникациите.

Пакистан на овој потег одговори со прекин на трговските и транспортните врески, а го протера и индискиот амбасадор од земјата.

Демонстрантите во Лондон денеска носеа натписи „Кашмир гори“, „Слободен Кашмир“ и „Моди: прави чај, а не војни“, обраќајќи му се на индискиот премиер.

Полицијата спречи да дојде до судир на демонстрантите со помала група антидемонстранти.

Многу демонстранти денеска во Лондон пристигнаа со автомобили од другите англиски градови.

-Сакаме да покажеме солидарност со нашите браќа од Кашмир, изјави Амин Тахир, британски пензионер од кашмирско потекло, кој пристигнал од Бирминхам.

Индискиот премиер Нарендра Моди, во четвртокот, во обраќањето до нацијата за Денот на независноста, го величеше укинувањето на автономијата, истанувајќи дека посебниот статус на покраината Кашмир и Џаму ја поттикнувал корупцијата и непотизмот, создавајќи неправедно опкружување за жените, децата и малцинските заедници во овој единствен мнозински муслимански индиски регион.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он