ИДИЛ ги ослободи турските возачи, но ги зароби друга екстремистичка група

Од:

Борците на исламистичката група Исламска држава на Ирак и Левантот (ИДИЛ) ги ослободиле 28-те турски возачи на камиони, кои ги киднапираа на 10 јуни во Ирак, но по ослободувањето тие биле заробени од друга екстримистичка група, јави ИТАР-ТАСС.

– ИДИЛ ги ослободи возачите, но потоа ги зароби друга група. Претставници на компанијата на превозниците се поврзале со грабнувачите. Почнати се преговори за откуп, кои се уште траат, изјави првиот човек на Советот на директори на турската Меѓународна асоцијација на превозници, Фатих Шенер за една турска телевизија.

Според непотврдени информации, екстремистите побарале откуп од неколку милиони долари.

Агенцијата Анадолија посочува дека еден од грабнатите возачи успаел да им се јави на своите најблиски. Возачот соопштил дека тој и неговите колеги биле заробени од борци на исламистичка група, но дека не се повредени и дека кон нив не се применуваат насилни мерки.

На 10 јуни 28-те турски возачи трганаа од турското пристаниште Искендерун со цистерни со мазут, што требало да го испорачаат во електроцентрала во близина на Мосул. Борци на ИДИЛ ги заробија сите камиони со горио и возачите ги зедоа како заложници. Самата електроцентрала, исто така, мина во рацете на борците на ИДИЛ. 

Би можело да ве интересира

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица

(ВИДЕО) Голем пожар во Истанбул, најмалку 15 загинати

Горан Наумовски

ЕУ воведе забрана за летови на турската „Саутвинд Ерлајнс“ поради врски со Русија

Горан Наумовски