ИДФ: Во воздушен напад убиен командант на воздухопловните сили на Хамас во градот Газа

Од:

Командантот на воздухопловните сили на Хамас во градот Газа, Нидал ал-Наџар, е убиен во неодамнешниот воздушен напад, соопштија израелските одбранбени сили (ИДФ) и израелската служба за внатрешна безбедност Шин Бет.

Според израелската војска, Ал-Наџар бил меѓу терористите на Хамас кои планирале воздушна инфилтрација во Израел за време на нападот извршен на 7 октомври, објави Тајмс оф Израел, пренесува Танјуг.

Ал-Наџар е убиен во воздушен напад во вторникот, соопшти израелската војска.

ИД соопшти дека тој е одговорен и за противвоздушната одбрана на Хамас, а за време на војната извршил напади со беспилотни летала наполнети со експлозиви против војниците кои дејствуваат во Газа.

На 7 октомври 2023 година, членовите на милитантната група Хамас ја прелетаа границата со параглајдеристи и извршија масакр во јужен Израел.

Би можело да ве интересира

Израел: Хамас се предомислил за прекин на огнот во последен момент

Горан Наумовски

Потребно е само „зелено светло“ од кабинетот на Нетанјаху за прекин на огнот во Газа

Израел ќе ослободи 1.000 затвореници

Жителите на Газа слават на улиците по договорот за прекин на огнот со Израел

Гутереш вети поголема помош на ОН за Газа

Тројца загинати во израелски воздушен напад врз Џенин