ИД презеде одговорност за нападот во Берлин

Од:

Џихадистичката група Исламска држава (ИД) вечерва презеде одговорност за синоќешниот напад со камион на божиќен панаѓур во Берлин, при што загинаа 12 лица, јави ДПА.  

– Војник на Исламската држава ја изведе операцијата во Берлин како одговор на нашите повици да се напаѓаат граѓани на земјите членки на (антиџихадистичката) коалиција, се наведува во соопштението на ИД што го пренесе нејзината агенција Амак.

Ирачката организација Народен фронт за мобилизација уште рано исутринава соопшти дека зад терористичкиот напад во центарот на Берлин стои ИД.

Фронтот своето тврдење го базираше на податоци од џихадистички профили на социјалните мрежи во кои влегле нејзини членови со помош на технологија за декриптирање.

Народниот фронт за мобилизација е организација формирана од ирачката Влада, составена е од 40 вооружени групи од различни верски, етнички и политички профили во Ирак, кои се борат против ИД.

Пред три недели ИД презеде одговорност и за нападот на сомалиски бегалец врз студенти на универзитет во Охајо, а предходно и за нападите во Ница, Париз, Брисел и за неколку инциденти во Германија.

Во ноемвриското издание на магазинот на англиски јазик „Румиах“, Исламската држава ги повикала своите следбеници да вршат напади возејќи големи камиони на места со голема фрекфенција на луѓе, со цел да предизвикаат што е можно поголем број жртви. ИД ги повика своите симпатизери да напаѓаат политички митинзи, отворени базари, полни централни улици во големи градови, како и настани кои немаат големо обезбедување.

Германскиот министер за внатрешни работи Томас де Мезиер вечерва при гостување на телевизијата ЗДФ изјави дека напаѓачот во Берлин веројатно се уште се крие, потврдувајќи дека полицијата го ослобидила Пакистанецот кој претходно беше упасен под сомнеж дека е извршител на нападот.

– Полицијата следи многу траги, а не само една. Нема сомнеж дека инцидентот со камионот е планиран напад, но мотивите за него се уште не се јасни, рече Мезиер.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска