Џихадистичката група Исламска држава ликвидира најмалку 12 луѓе во сирискиот град Палмира, кој екстремистите повторно го презедоа од безбедносните сили, вторпат минатиот месец, соопшти Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
ИД обезглави четири лица – државни службеници и наставници, пред музејот во Палмира. Останатите осуммина, од кои четворица се припадници на владините сили, како и четворица бунтовници, биле стрелани.
Некои од убиствата се извршени во древниот Римски театар во Палмира, каде ИД минатата година уби најмалку 25 припадници на сириската војска.