Според податоци на ОН, џихадистичката група Исламска држава принудила десетици илјади луѓе во Мосул да ги напуштат своите домови и да застанат како жив штит против офанзивата на ирачките сили кон градот.
Пред неколку дена борци на ИД земале како залоќници ќители на неколку села во околината на Мосул и ги искористиле како жив штит, со цел да се повлечат во внатрешноста на градот. Џихадистите ги искористиле овие цивили за да не дозволат воздушни напади од страна на меѓународната коалиција и артилериски напади од ирачките безбедносни сили, тврдат очевидци.
– Ситуацијата во Мосул не е добра. Има пукотници насекаде и семејства кои спијат на улица. Луѓето се многу уморни и се наоѓаат меѓу оган, раскажува Башар, кој успеал со своето семејство да побегне од градот.