Џихадистичката група Исламска држава ја презеде одговорноста за денешниот самоубиствен напад со автомобил-бомба во близина на Ал Баб, град во северна Сирија, во кој загинаа 51 лица, од кои 34 цивили, пренесоа француските медиуми.
Во соопштение пренесено на интернет, ИД тврди дека атентаторот самоубиец успеал со автомобилот, преполн со експлозиви, да се втурне меѓу „голема група турски војници и отстапници од верата” во Сусиан, место на 8 километри од Ал Баб, додаваат француските медиуми.