ИАТА: Употребата на ковид-пасоши започнува во март

Од:

Претставници на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА) открија дека употребата на нивниот „дигитален пасош“, Travel Pass, треба да започне во март. Се очекува тогаш Travel Pass да започне да се користи од големите авиокомпании.

Тоа е мобилна апликација која им помага на патниците да складираат и управуваат со информации поврзани со сертификати за тестирање на Ковид-19 или вакцинација. Апликацијата обезбедува поголема безбедност и ефикасност од хартиените документи.

ИАТА посочува дека нивните тимови работат на проектот во 12-часовни смени со цел да овозможат проектот да заврши што е можно побрзо, пишува Travelmagazine.

На овој начин, ќе се решат најголемите проблеми на авионската индустрија поврзани со моменталната пандемија.

Тие исто така додаваат дека ниту еден проект досега не се развил со темпо како Travel Pass. Брзиот развој на апликацијата може делумно да се припише на денешната технологија, вклучувајќи ја и апликацијата за бесконтактна идентификација.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски