И во Италија попладнево земјотрес од 4.5 степени, го почувствуваа и Хрватите

Од:

Земјотрес со јачина од 4.5 степени попладнево нешто пред 16 часот ја погодил северна и централна Италија, а епицентарот бил на 22 километри од Верона, кај местото Изола дела Скала.

Земјотресот, кој се почувствувал и во Словенија и во Хрватска, која денеска беше погодена од серија потреси, бил на длабочина од околу девет километри, соопштија италијанските сеизмолози.

Според информациите од Италија, нема забележана штета или повредени од попладневниот земјотрес, но тој ги вознемирил жителите во регионот на епицентарот, каде се почувствувал со посилно тресење.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Триесетина повредени во несреќа на пристаниште во Италија

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Бројот на жртвите од експлозијата во хидроцентралата крај Болоња се зголеми на седум