И трето лице уапсено поради нападот во Утрехт

Од:

Холандската полиција уапси уште едно лице под сомнение за поврзаност со нападот во Утрехт при што загинаа три лица, а петмина се повредени.

Портпаролот на Канцеларијата на јавниот обвинител Тис Кортман изјави дека три лица се во притвор, осомничениот напаѓач 37-годишниот Ѓокмен Таниш и уште две лица.

Кортман истакна дека Таниш е задржан во притвор под сомнение за убиство со можен терористички мотив. Тој додаде дека истрагата продолжува за да се утврди што го поттикнало да пука во трамвајот.

Властите не ги исклучуваат ниту другите евентуални мотиви, а холандските медиуми ги цитираат соседите на осомничениот, кои тврдат дека нападот е поврзан со љубовна врска.

Осомничениот Таниш од претходно им е познат на холандските власти.

Би можело да ве интересира

Речиси 400 нови смртни случаи од горештините во Холандија

Во Холандија стапи во сила забраната за носење бурка

Ана Ололовска

И во Холандија регистрирана рекордно висока температура

Татјана Ташкова

Преку 9,5 милијарди евра сомнителни трансакции во Холандија

Ана Ололовска

И денеска е можно одложување на летови на амстердамскиот меѓународен аеродром

Ана Ололовска

Во Холандија и Белгија рекордно високи температури