И Словачка протерува руски дипломати

Од:

Словачка, членка на Европската унија, денеска соопшти дека одлучила да протера 35 руски дипломати врз основа на информациите добиени од разузнавачките служби.

Потегот доаѓа еден ден откако други земји од ЕУ, Белгија, Холандија, Ирска и Чешка соопштија дека протеруваат десетици руски дипломати осомничени за шпионирање, во координирана акција преземена во екот на војната на Москва во Украина.

Други земји, вклучувајќи ги САД и Полска, претходно исто така протераа руски дипломати.

Словачка „ќе го намали персоналот на руската амбасада во Братислава за 35 лица“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Јурај Томага.

– Жалиме што по претходните протерувања на руски дипломати во последните неколку години, руската дипломатска мисија не покажа никаков интерес да работи коректно во Словачка, додаде тој.

Словачка претходно овој месец веќе протера тројца руски дипломати поради шпионажа.

Во август 2020 година, Братислава исто така протера тројца руски дипломати поради „тешко кривично дело“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“

Голема поплава на границата меѓу Русија и Казахстан, десетици илјади луѓе евакуирани

Русија се огласи за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Нов воздушен напад во Луганск

А1он

Русија: Подгответе се за безусловна капитулација на Украина

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема евакуација на населението во регионите погодени од полави во Русија