И Путин се придружи кон повиците за вакцини без патенти

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека е за укинување на патентите за вакцината против Ковид-19, по предлогот на САД, за да се забрза производството и дистрибуцијата на вакцините низ целиот свет.

– Се разбира, Русија ќе го поддржи ваквиот пристап, рече Путин на состанок посветен на пандемијата и побара од руската Влада да работи на тоа прашање.

– Во сегашните околности, како што реков многу пати, не треба да размислуваме како да заработиме што е можно повеќе, туку за тоа како да им ја гарантираме безбедноста на луѓето, рече тој.

Русија досега произведе четири вакцини, почнувајќи од главната, Спутник В, а руските здравствени власти одобрија и Спутник лајт која се дава во една наместо две дози.

Путин на овој начин им се придружи на САД кои вчера повикаа на укинување на патентите.

Путин, сепак, воопшто не го спомна предлогот на Вашингтон, дури рече дека идејата потекнува од Европа.

– Мислам дека „заслужува внимание, под тоа мислам на едноставно укинување на заштитата на патентите за вакцината против Ковид-19, додаде тој.

Европската унија денеска соопшти дека е „подготвена да разговара“ за ова прашање, кое ќе биде на дневен ред на самитот на 27 земји-членки во Порто во петок, но изрази сомнеж за успехот на таквата мерка за забрзување на вакцинацијата ширум светот. ЕУ досега се спротивставуваше на таквата идеја.

И францускиот претседател Емануел Макрон денеска исто така рече дека „безусловно е за укинување на заштитата на интелектуалната сопственост“, а Германија соопшти дека е „отворена“ за дебата.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив