И покрај забраната, нови демонстрации против полициското насилство во повеќе градови во Франција

Од:

Во Париз, Бордо, Нант, Лимож, Поатје, Марсеј, Лил,… денеска се одржаа или се одржуваат нови демонстрации против полициското насилство и покрај забраната за собирање на едно место на повеќе од десет лица поради здравствена криза, јави дописникот на МИА.

Портпаролот на владата Сибет Ндиаје изјави дека протестите „не треба да се одржуваат“. Префектот на париската полиција, Дидие Лалемен, појасни дека денеска забранил неколку собири, особено на шеталиштето пред Ајфеловата кула или пред амбасадата на САД.

На плоштадот Конкорд во Париз, во близина на амбасадата на САД, попладнево се собраа околу 2.000 лица.

Полицијата соопшти дека во Лион се собрале околу 3.400 лица, главно млади луѓе, Според дописникот на „Ле Монд“ на собирот имало напната атмосфера. На демонстрациите им се приклучиле и насилници и полицијата испука солзавец за да ги растера.

Во Лил, на плоштадот на Републиката, се собраа над 1.000 демонстранти, по што тргнаа во дефиле по улиците со извиците „Нема правда, нема мир“.

Во Стразбур, неколку илјади млади луѓе (3.500 според префектурата), облечени во црно, се собраа на плоштадот Клебер, во срцето на градот, како одговор на повикот објавен на социјалните мрежи.

На транспарентите можеше да се прочита: „вистинскиот вирус е расизмот“, „нема правда, нема мир“, „престанете со расизмот“ или „престанете да ги убивате црнците “).

Би можело да ве интересира

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

Орце Костов

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано