И покрај преговорите во Авганистан секој ден се гине, девет нови жртви на талибански напад

Од:

Во Авганистан и покрај преговорите меѓу делегациите на талибанците и авганистанската Влада, денеска повторно имаше неколку смртоносни напади и тоа на денот кога светот го одбележува Меѓународниот ден на мирот, јави ДПА.

Во текот на ноќта во еден од најсмртоносните напади, во северната провинција Тахар, талибанските милитанти убија девет припадници на авганистанските безбедносни сили, изјави полициски службеник за ДПА.

Нападот се случил во момент кога делегациите на двете завојувани страни во земјата во Доха, во Катар, разговараат за принципите за враќање на мирот во земјата.

Американскиот претставник во преговорите, Залмај Калилзад, кој ги организира разговорите, изрази жалење за ескалацијата на насилството.

„Во текот на последните неколку дена во Авганистан имаше видлив раст на насилството“, напиша Калилзад на Твитер.

Претседателот на авганистанскиот Висок совет за национално помирување, Абдулах Абдулах, ги повика талибанците да прифатат прекин на огнот.

„Нашата татковина повеќе од 40 години гори во војна и конфликти и многу животи се изгубени во оваа војна без крај“, наведе Абдулах во изјавата.

ДПА опбјаснува дека историските мировни разговори во Авганистан почнаа на 12 септември во Доха, обединувајќи делегации од завојуваните страни, за првпат по 19 години.

И покрај ова, додава ДПА, во Авганистан секојдневно се убиваат луѓе.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Талибанците го прогласија за национален празник денот кога замина последниот американски војник