И покрај Ковид-19 милиони луѓе на ритуално капење во Ганг

Од:

Речиси милион хинду верници в петок и в сабота ќе се соберат на бреговите на реката Ганг и ќе го изведат ритуалното капење и покрај ширењето на Ковид-19 во Индија.

Во Индија денеска регистрирани се 168.063 новозаразени со Ковид-19, што е 20 пати повеќе во споредба пред еден месец. Поради зголемениот број на случаи во поголем број индиски сојузни држави воведен е полициски час.

Десетици илјади верници веќе пристигнаа на местото на годишниот ритуал во источната држава Западен Бенгал, кој бележи најголем број новозаразени со Ковид-19 во земјата, по западната сојузна држава Махараштра.

– Можно е да пристигнат помеѓу 800.000 и еден милион луѓе. Се обидуваме да ги имплементираме сите протоколи за ковид, изјави Чандра Хазра, министер на Западен Бенгал задолжен за организирање на фестивалот познат како Гангасагар Мела.

Тој додаде дека организирано е и прскање со света вода од беспилотни летала, со цел да се спречат верниците да се нурнат во реката Ганг.

Сличен голем верски фестивал во северна Индија минатата година беше причина за ширењето на Делта сојот, кој зарази милиони луѓе и уби десетици илјади.

Секоја година на 14 јануари, на важниот хиндуски ден Макар Санкранти, верници го посетуваат селото Гангасагар за да се капат на сливот на Ганг во Бенгалски Залив.

Индиските лекари побараа Високиот државен суд да ја поништи дозволата за одржување на ритуалното капење во Ганг.

Би можело да ве интересира

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца

Индија: Најмалку 15 аџии загинаа кога се преврте трактор со приколка

Пет лица загинаа во пожар во индиска фабрика за парфеми, девет се водат како исчезнати