И Австралија и Нов Зеланд ги повикаа нивните граѓани да ја напуштат Ураина

Од:

Австралија и Нов Зеланд денеска им се придружија на неколкуте западни земји кои ги предупредија своите граѓани веднаш да си заминат од Украина, бидејќи се зголемени стравувањата од руска инвазија, јави ДПА.

Потегот следи по апелите што до своите државјани ги упатија САД, Велика Британија, Летонија и Естонија, како и Данска и Холандија, за што побрзо напуштање на Украина.

И австралиската и новозеландската влада ги повикаа своите граѓани да ја напуштат земјата додека сè уште има достапни комерцијални летови.

Австралискиот премиер Скот Морисон изјави дека ситуацијата во Украина е „многу сериозна“

-Ќе има многу нестабилна ситуација таму доколку дојде до конфликт. Се надеваме и се молиме тоа да не се случи, изјави Морисон, пренесе ДПА .
„Веќе некое време е јасна пораката дека Австралијците во Украина треба да бараат да излезат од земјата“, рече тој.

Нов Зеланд нема дипломатско претставништво во Украина, се наведува во соопштението на министерката за надворешни работи Нанаја Махута. Од тие причини беше ограничена способноста на Велингтон да обезбеди конзуларна помош за своите граѓани во Украина, додаде таа.

-Безбедносната ситуација во Украина може да се промени за кратко време и Новозеланѓаните не треба да се потпираат на поддршка при евакуација во овие околности. Континуираното и невидено зголемување на руските воени сили на границата со Украина е длабоко загрижувачко“, рече Махута.

„Затоа Нов Зеланд уште еднаш ја повикува Русија да преземе итни чекори за намалување на тензиите и ризикот од сериозна погрешна пресметка“.

Би можело да ве интересира

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски

Одеса остана без струја, цел беше и регионот на Миколаев

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он