Хутите тврдат дека заробиле 2.000 саудиски војници

Од:

Јеменските бунтовници Хути тврдат дека извршиле голем напад кај границата со Саудиска Арабија и заробиле две илјади војници, меѓу кои има и саудиски офицери.

Тие вчера објавија видео снимка на која се гледаат оклопни возила со саудиски ознаки, оружје и муниција кои, како што наведуваат, ги заплениле.

На снимката се гледаат и борби во планинска област, каде наводно ги нападнале саудиските сили, како и тела на ранети луѓе кои носат саудиски воени униформи.

Саудиска Арабија не ги потврди информациите.

Портпаролот на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија, која во Јемен се бори против Хутите веќе четири години, не одговорил на прашањата на светските агенции, и засега информациите не можат да се проверат.

Би можело да ве интересира

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили

(ВИДЕО) Иран ги трие рацете; Хутите ја запленија американската „жолта направа“

Хутите нападнаа британски танкер во Црвеното Море

А1он