Хутите тврдат дека нападнале нафтена постројка во Саудиска Арабија

Од:

Јеменските бунтовници Хути денеска соопштија дека со крстосувачка ракета погодиле саудиска нафтена постројка во саудискиот град Џеда. Нападот бил извршен само неколку часа откако заврши онлајн Самитот на лидерите на Г-20, со кој претседаваше токму Саудиска Арабија.

Официјален Ријад се уште нема потврдено дека имало напад.

И Американскиот конзулат во Џеда соопшти дека не е информиран за нападот.

Портпаролот на Хутите, бригадниот генерал Јехи Сари на Твитер напиша дека бунтовниците истрелале нова крстосувачка ракета „Кудс-2“ врз нафтена постројка во Џеда. Тој објави и сателитски фотографии, кои одговараат на рафинеријата за сурова нафта на компанијата Армако.

На објавените видео-снимки се гледа како гори подрачје со цистерни кои наликуваат на нафтената постројка, а се слушаат и сирени на полициски и амбулантни возила.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Трговски брод погоден со проектил кај Јемен

Жесток напад на САД и Британија на неколку градови во Јемен, има мртви

Катерина Ѓуровски

Хутите гаѓаа израелски брод во Арапското Море

САД и Велика Британија започнаа нови напади врз Хутите во Јемен

Хутите погодија бродот со проектили