Хуманитарната помош не добиваат 26 милиони Африканци поради конфликтите на Црниот континент

Од:

Насилството и вооружените конфликти спречуваат околу 26 милиони жители на земјите од Африка да добијат хуманитарна и медицинска помош, соопшти денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК), пренесе ДПА.

Агенциите за помош, се наведува во соопштението на МКЦК, имале ограничен пристап до 16,8 милиони лица во земјите од регионот Сахел и езерото Чад, на северот од Црниот континент, уште 5,5 милиони лица во Источна Африка и 1,5 милиони во Централна Африка.

-Судирите меѓу вооружени групи и владините сили во Африка ги спречуваат хуманитарните организации да стигнат до оние кои имаат најголема потреба од помош. Многу често, најмногу страдаат луѓето кои не се вклучени директно во конфликтите, изјави директорот на МКЦК за Африка, Патрик Јусеф.

Јусеф појаснува дека Црвениот крст, на пример, треба да преговара со 230 вооружени милиции за да обезбеди вода, храна и здравствени услуги за луѓето во погодените области.

Вооружени групи, пренесува ДПА, се активни во многу делови на Африка, од кои некои се заколнаа на верност на Исламската држава или Ал Каеда.

Други милиции и бунтовнички групи се борат за политичко влијание или контрола врз минералните ресурси, а во многу земји од континентот сериозна закана се и криминалните синдикати.

Би можело да ве интересира

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

(ВИДЕО) Навивачка погина во стампедо: Тажен епилог на хаосот пред мечот во Мароко

Предраг Петровиќ

САД ќе и дадат 55 милијарди долари на Африка во следните три години

Ана Ололовска

ЕУ и четири земји-членки ќе ја помогнат адаптацијата на Африка на климатските промени

Ана Ололовска

Фондацијата Гејтс ќе додели 1,4 милијарди долари за помош на земјоделците во Африка и Азија

Ана Ололовска

Оксфам: Во Африка на секои 48 секунди по еден човек умира од глад

Ана Ололовска