Хуманитарен брод во Медитеранот апелира за дозвола за медицинска евакуација

Од:

Хуманитарниот спасувачки брод „Викинг од океанот“, што се наоѓа во Средоземното море, денеска апелираше кај италијанските и малтешките власти да дозволат медицинска евакуација на бремена жена и сигурно место за симнување на уште 83 мигранти, кои се наоѓаат на бродот.

Бродот, што плови под норвешко знаме, со кој заедно управуваат СОС Медитеране и Лекари без граници, во неделата спаси 50 мигранти од гумен чамец, вклучувајќи и жена која е во деветиот месец од бременоста, пренесоа американските медиуми.

„Викинг од океанот“ во понеделникот, пак, спаси 34 мигранти од мал брод откако на него беше прогласена вонредна состојба. На бродот му беше упатен повик мигрантите да ги однесе во Завијах, во Либија, што беше одбиено бидејќи мигрантите сметале дека Либија не е безбедно место за истоварување.

Би можело да ве интересира

Орбан: Закован е уште еден клинец во ковчегот на Европската унија

Група од 29 мигранти се спасени од брод во близина на брегот на Крит во Средоземното Море

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

(ВИДЕО) Уапсена е банда која криумчарела мигранти

Бојмацалиев: Намалена илегална миграција за 50 отсто

Приведен криумчар на мигранти: Бегал од полиција, удрил во канделабра

А1он