Хрватска државјанка во Германија убиена од нејзиниот син: „Ја избодев со нож, па повикав брза помош“

Од:

Германските медиуми пред неколку дена објавија дека 26-годишен маж со нож ја убил својата 54-годишна мајка во Офенбах на Мајна. Убиството се случи во понеделникот, на 8 мај, во станот на станбената зграда во Ешштрасе каде што живееле и двајцата.

„Феникс“ дознава дека се работи за хрватската државјанка Сњежана С., родена 1969 година и која живеела со својот 26-годишен син во зграда во Офенбах на Мајна. Младиот човек наводно имал психички проблеми. Според полициското соопштение, 26-годишникот сам се јавил во итната помош.

„Рече дека со нож ја избодел 54-годишната мајка. Во станот пристигнала полиција, а 26-годишникот не давал отпор при апсењето“, изјавил портпаролот на полицијата.

Пред тоа, полицијата соопшти дека во понеделник, на 8 мај, околу 21 часот и 30 минути, била повикана брза помош во станбена зграда во Ешштрасе, во областа Лаутерборн во Офенбах на Мајна. Жената била пронајдена со убодни рани, a помошта пристигнала предоцна.

Соседите кои претходната вечер слушнале бучава во станот на мајката и синот велат дека го виделе 26-годишникот во крвава облека. Синот веќе и бил познат на полицијата. Семејството живеело 13 години во зграда во Офенбах на Мајна

Според германските медиуми, зградата во која живееле мајката и синот е прилично неугледна. На влезот во зградата има куп ѓубре. Во ходникот има колички за пазарење, стар мебел, фасадата треба да се префарба. Во зградата има 66 станови.

Двајца соседи рекле дека семејството се вселило во зградата пред 13 години и дека биле незабележителни.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени