ХРВ: Насилството врз поддржувачите на Навални „одново не беше исклучок од правилото“

Од:

Организацијата за човекови права „Хјуман Рајтс Воч“ денеска излезе со критика за насилството што безбедносните сили „одново и одново“ го покажаа против мирните демонстранти, кои бараа ослободување на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, јави ДПА.

„23 јануари не беше исклучок“, изјави Дамелија Аитхожина, истражувач на оваа група за човекови права во Русија, два дена откако повеќе од 3.500 лица беа приведени за време на масовните демонстрации низ целата земја, барајќи ослободување на истакнатиот критичар на Кремљ.

Само во Москва, наведе ДПА, уапсени беа повеќе од 1.400 лица, на најголемиот досега протест забележан во главниот град.

Униформирани безбедносни сили ги тепаа демонстрантите во Москва и Санкт Петербург.

„Властите ги знаат своите обврски за почитување на основните човекови права и избираат не само да ги игнорираат, туку и да ги погазат сите нив“, се наведува во соопштението на „Хјуман рајтс воч“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска ќе го разгледаат одговорот на дејствијата во Русија, при што балтичките држави повикуваат на поостри санкции.

Навални беше уапсен веднаш по враќањето во Русија на почетокот на овој месец, откако помина неколку месеци закрепнувајќи во Германија по обидот за атентат со нервниот агенс „Новичок“, додава ДПА.

Би можело да ве интересира

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

Објавена снимка од дрон од ужасот и пустошот во Москва

А1он

140 повредени во терористичкиот напад, полесно повредените добиваат амбулантска нега

А1он

Пендаровски го осуди нападот во московската концертна сала Крокус

А1он

Киев одговори на Русија: Тврдењата за наша вмешаност не заслужуваат ни критика

А1он