ХРВ: ИД ликвидирале 300 поранешни припадници на ирачката полиција

Од:

Хјуман рајтс воч соопшти денеска дека пред три недели борци на ИД најверојатно убиле повеќе од 300 поранешни припадници на ирачката полиција и ги закопале во масовна гробница во близина на местото Хамам ел Алил, јужно од Мосул.

Според жители на тоа место, екстремистите во неделите кои претходеле на нивното повлекување убиле 200 луѓе. Тие тврдат дека екстремистите убивале луѓе и им ги отсекувале главите.

Според ХРВ, поранешните полицајци се издвоени од група од околу 2.000 луѓе од соседни села и градови. Тие биле приморани да тргнат со екстремистите за време на нивното повлекување кон Мосул и Тал Афар.

Првично била откриена гробница со околу 100 обезглавени тела во Хамам ал-Халил недалеку од Мосул, но тоа според ХРВ е само една од многу гробници.

Извршени биле и јавни погубувања поради „предавство и соработка“ со ирачките одбранбени сили, поради забрана за користење мобилен или дезертирање.

Би можело да ве интересира

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад

Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Горан Наумовски