Христијанските пратеници најавија напуштање на либанскиот Парламент

Од:

Либанската опозициска христијанска партија Катаеб, која се бори против владата на Либан, поддржана од проирански Хезболах, денеска најави дека нејзините тројца пратеници го напуштаат либанскиот Парламент.

По денешната најава на лидерот на оваа партија, Сами Гемаел, бројот на пратеници кои имаат намера да го напуштат Парламентот заради катастрофалната експлозија во Бејрут се зголеми на петмина.

Гамаел го најави напуштањето на Парламентот, говорејќи на погребот на истакнат член на Христијанската партија, кој загина во експлозијата.

– Членовите на Катаеб одлучија да започнат конфронтација за слободен, суверен и независен Либан и затоа ги повикувам пратениците, почитуваните законодавци, да си дадат оставка од парламентарните функции за народот да може да одлучи кој ќе ја преземе власта, без притисок и наметнување од страна, рече Гамаел.

По изборите во 2018 година, повеќето од 128-те места во либанскиот Парламент се контролирани од вооружената група Хезболах и нејзините сојузници, која Катаеб ја обвинува за правење држава во држава, слабеење на институциите и нивна дисфункционалност.

Би можело да ве интересира

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Во Иран и во Либан по улици се прославуваше нападот над Израел

Катерина Ѓуровски

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

Најмалку седум загинати во израелскиот напад врз јужен Либан

(ВИДЕО) Израел објави снимка: Испалија 30 ракети, Железната купола пресретна третина

Катерина Ѓуровски

Командант на Хезболах меѓу 10-те жртви на израелскиот напад во Либан