Христијански групи од САД донираат милиони во борба против ЛГБТ и против абортусот во Европа

Од:

Американските десничарски групи од 2007 година вложиле повеќе од 280 милиони долари во кампањи против правата на ЛГБТ лицата и против правото на абортус ширум светот, а речиси 90 милиони долари се слеале во Европа, се наведува во најновиот извештај на порталот „опенДемокраси“ (оpenDemocracy).

– Ова откритие покажува како групите поврзани со Трамп изградија застрашувачко глобално царство, изјави главната уредничка на „опенДемокраси“ Мари Фицџералд

Поголемиот број од 28 групи, воглавно христијански, имаат блиски врски со американскиот претседател Доналд Трамп.

Една од главните групи е Американски центар за право и правда (АЦЛЈ), чиј главен советник е адвокатот на Трамп, Џеј Секулов.

АЦЛЈ ја поддржа судската одлука во Полска за забрана на аборуст во случај на аномалија на фетусот.

АЦЛЈ, според сопствените финансиски податоци потрошила 18 милиони долари глобално, од кои 80 проценти во Европа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски