Хорст Малер ја отслужи 10-годишната затворска казна

Од:

Осудениот неонацист, негатор на Холокаустот и еден од основачите, а подоцна и правен застапник, на Фракцијата на црвените бригади (РАФ) Хорст Малер излезе од затвор по отслужувањето на 10-годишната казна, соопшти казнената установа во градот Бранденбург на Хафел, во близина на Берлин.

Во 2009 година Малер, кој денес има 84 години, беше осуден на затворска казна поради ширење национална омраза.

Тој припаѓа на првата генерација на екстремно левичарската Фракција на црвените бригади, која ја основал заедно со Андреас Бадер и Улрике Мајнхоф.

На почетокот на 70-те години од минатиот век е осуден на 14 години затвор поради грабеж на банка.

Во 90-те години од минатиот век Малер политички се сврте кон екстремната десница и стана еден од водечките членови на неонацистичката Национал-демократската партија на Германија (НПД), истакнувајќи се со антисемитски испади и ширење омраза кон странци.

Според актуелната пресуда, Малер во иднина ќе биде под контрола на властите и нема да му биде дозволено објавување текстови без претходна проверка од страна на власта. На ваквата судска одлука Малер поднесе жалба.

Би можело да ве интересира

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Спречен терористички напад во Германија

Германски медиуми: Во Европа откриено складиште за оружје на Хамас

Германија: Стапи на сила законот за декриминализирање на поседувањето канабис

Над 20 повредени во нова автобуска несреќа во Германија-патниците биле средношколци

Горан Наумовски

Истрага против возачот на превртениот германски автобус во кој имаше загинати и повредени