Хонг Конг: За шест месеци протести уапсени 6.022 лица

Од:

Полицијата во Хонг Конг соопшти денеска дека уапсила 6.022 лица и употребила солзавец речиси 16.000 пати за време на шестмесечните антивладини протести што го потресоа градот.

Меѓу уапсените се 11 лица приведени во текот на викендот во рации кога беше запленет пиштол и друго оружје.

Полицијата се сомнева дека било планирано тоа оружје да се користи за време на масовните демонстрации денеска. Полицијата денеска уапси 12 лица осомничени за подготовка на „молотови коктели“.

Полицијата во Хонг Конг соопшти дека исто така испукала 10.000 гумени куршуми во изминатите шест месеци и дека се повредени 493 полицајци.

Би можело да ве интересира

Тајван: Кина сака да го претвори островот во „иден Хонг Конг“

А1он

Хонг Конг ги одлага изборите поради коронавирусот

А1он

Во Хонг Конг дисквалификувани 12 кандидати на опозицијата

Ана Ололовска

Хонг Конг: Четири лица уапсени поради кривични дела кон новиот закон

Ана Ололовска

Можно е одложување на изборите во Хонг Конг

Ана Ололовска

На Хонгконг му се заканува нов, голем бран на ширење на коронавирусот

Ана Ололовска