Холанѓаните воведуваат нови ограничувања за да се спречи ширењето на коронавирусот

Од:

Холандската Влада вечерва ќе објави нова рунда мерки против ширењето на коронавирусот, вклучително и можно затворање на кафулињата и рестораните, додека земјата се бори со сузбивање на вирусот во едно од најголемите жаришта во Европа.

Бројот на случаи во земјата со 17 милиони жители порасна во последните неколку недели и сега е поголем од 187.000 заразени.

Бројот на новозаразени вчера за 24 часа беше речиси 7.000.

Холандија во последните 14 дена има 364 заразени на 100.000 жители, што е трета највисока стапка во Европа.

Владата на премиерот Марк Руте не сака да воведе строги мерки кои можат да му наштетат на кревкото економско закрепнување, но здравствените експерти почнаа да вршат притисок врз Владата да преземе мерки за да се спречи оптоварување на здравствениот систем.

Руте и министерот за здравство Хуго де Јонге, кои предупредија дека ќе воведат ограничувачки мерки доколку состојбата не се подобри, вечерва треба да одржат телевизиска прес-конференција.

И додека многу европски земји воведоа задолжителни мерки, Холандија во голема мера се придржуваше до препораки, вклучително и оние во врска со носење маски и патувања.

Меѓу најсериозните мерки што треба да бидат објавени вечерва се затворање на кафулиња и ресторани и вечерна забрана за продажба на алкохолни пијалаци, објави националната телевизија, цитирајќи ја Владата.

Меѓу мерките, кои прво ќе бидат изречени за период од две недели, се прекин на тимските спортови за лица над 18 години, употребата на јавен превоз ќе биде ограничена само на важни патувања и домашните собири ќе се ограничат на до три лица по домаќинство.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи