Холандската компанија вмешана во скандалот со „коњско месо“ поднесе тужба за отштета од 5,8 милиони евра

Од:

Вили Селтен, директорот на холандската компанија за трговија со месо на големо „Селтен“ (Selten), која се наоѓа во центарот на новиот „скандал со месо“, поднел тужба за отштета од 5,8 милиони евра против Холандската агенција за безбедност на храната и непрехранбените производи, пренесоа руските медиуми.

Тужбата е поврзана со одлуката на Агенцијата да повлече 50.000 тони говедско месо од трговската мрежа во Европа заради сомненија дека содржи примеси на коњско месо, изјави денеска адвокатот на „Селтен“, Франк Петерс, забележувајќи дека Агенцијата се уште не одговорила.

Селтен тврди дека неговата компанија претрпела значителни штети заради загубата на клиенти по скандалот.

Вили Селтен одлуката на контролниот орган ја оцени како „премногу безумна за да се опише со зборови“.

Тој подвлече дека месото, што дошло од кланиците во неговата компанија за трговија на големо, секогаш било подложено на проверки.

-Единствениот пат кога коњско месо, што содржеше препарати за смирување на болка, беше замешано со говедско, се случи во мај 2012 година и затоа нема потреба да се повлече целата продукција од последните повеќе од две години, забележува Селтен.

Претходно неделава Холандската агенција за безбедноста на храната и непрехранбените производи соопшти дека ги повлекува месните производи, продавани меѓу 1 јануари 2011 година и 15 јануари 2013 година преку компаниијаа за трговија на големо „Селтен“. Од неа месо купиле 130 холандски и 370 странски месопреработувачки компании, а потоа храната била доставена до трговци во цела Европа.

Надзорниот орган,сепак, претпоставува дека главниот дел од произведеното месо „веќе одамна е изедена од потрошувачите“.

Би можело да ве интересира

Холандскиот непријател број еден по грешка е ослободен од затвор

Горан Наумовски

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Спречен шверц на месо опасно за здравјето – Камион на грчка фирма носел четири тони месо од дивеч во Македонија