Холандија: Школите и продавниците ќе бидат затворени во следните пет недели

Од:

Холандската Влада денеска донесе одлука да воведе нови мерки за „заклучување“ на земјата, што, меѓудругото, вклучува и затворање на училиштата и продавниците на најмалку пет недели.

Вечерва од полноќ до 19 јануари се затвораат училиштата, продавниците што не се од витално значење, музеите, спортските сали, театрите и фризерски салони, рече вечерва холандскиот премиер Марк Руте.

Како што изјави, од среда сите училишта и универзитети во земјата ќе треба да се префрлат на онлајн настава.

Британските медиуми пренесуваат дека Руте новите мерки ги најави на телевизија зборувајќи од неговиот кабинет во Хаг. Додека тој зборуваше, однадвор можеше да се слушне како демонстрантите го исвиркуваат, додаваат американските медиуми.

-Реалноста е дека ова не е некој невин вид на грип, како што мислат некои луѓе, како на пример демонстрантите кои се надвор, туку вирус што може сите тешко да не погоди, рече Руте.

Во Холандија од почетокот на пандемијата на коронавирусот се заразија 621. 944 лица, додека 10.082 лица досега умреа, покажуваат податоците на сајтот Ворлдметерс.

Би можело да ве интересира

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам

На изборите во Холандија најмногу гласови освои опозициската десничарска Партија на слободата

Амбасадорот Коп: Во земјава нема вистинска политичка волја за промена

А1он

Навивач на Зрињски „стигна“ во холандските медиуми поради исмејувањето на познатиот тренер

Предраг Петровиќ