Холандија се враќа во нормала, сексуалните работници продолжуваат со дејноста

Од:

Сексуалните работници оваа недела се враќаат на работа. по падот на бројот на лица заразени од Ковид-19, објави денеска холандскиот министер за здравство Хуго де Јонг.

Проституцијата во Холандија е легална, но беше забранета од средината на декември, кога властите воведоа ограничувања за борба против пандемијата на коронавирусот.

Сексуалните работници протестираа во Амстердам во март, тврдејќи дека биле дискриминирани затоа што властите дозволиле отворање на други услужни дејности каде што исто така се остваруваат „контакти“ со клиенти, како што се фризерски салони и салони за масажа.

За време на затворањето, Владата им понуди ограничена финансиска помош на сексуалните работници кои имаат важечки договор за работа и можат да докажат дека изгубиле најмалку 20 проценти од своите приходи поради пандемијата.

Де Јонг рече дека стапката на вакцинација која сега е постигната овозможува Владата да продолжи да ги олеснува мерките.

Тој најави дека во среда ќе бидат отворени и зоолошките градини, фитнес центрите и базените, бидејќи вакцинацијата на населението го намали притисокот врз болниците.

Од почетокот на пандемијата, потврдено е дека 1,6 милиони луѓе се заразени во земјата со 17 милиони жители, а повеќе од 20.000 починаа.

Би можело да ве интересира

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски

Снегот виновник за откажани десетици летови од Амстердам