Холандија: Немаме Леопарди, но подготвени сме да ги купиме и да ги испратиме во Украина

Од:

Иако во холандските вооружени сили нема тенкови Леопард 2 од германско производство, Холандија објави дека е подготвена да ги купи тенковите и да ги испрати во Украина.

„Ако може да помогне, ние сме подготвени да го направиме тоа“, изјави холандскиот премиер Марк Руте за холандски RTL.

Холандија не поседува борбени тенкови бидејќи, според Регистарот за конвенционално оружје на ОН, ги продаде своите леопарди на Германија во 2018 и 2021 година.

Сепак, Германија има 18 тенкови Леопард 2А6 на закуп. Руте предложи Холандија наскоро да ги купи овие тенкови и потоа да ги испрати во Украина.

„Преговорите се во тек“, рече Руте, додавајќи дека иако се уште не е донесена одлука, Холандија „јасно и стави до знаење на Германија дека е подготвена сериозно да размисли за таков потег“.

Би можело да ве интересира

Во Русија се урна украински дрон, три лица се тешко повредени

Горан Наумовски

Русите се вооружија: Со беспилотни летала-камикази ја уништуваат Украина

(ВИДЕО) Дрон падна на 150 километри од центарот на Москва

Горан Наумовски

АП: Нова кампања за регрутирање во Русија

Горан Наумовски

Околу 70 украински војници се предале на ДНР во последните две недели

Маж во Хамбург уби човек, а потоа се самоуби