Холандија му забрани на теоретичарот на заговори Дејвид Ајк влез во земјата и во Шенген-зоната

Од:

Холандската Влада му забрани на британскиот теоретичар на заговори, Дејвид Ајк, влез во Холандија и во Шенген-зоната на две години, поради стравувања дека неговото присуство може да го „наруши јавниот ред и мир“.

Ајк на својата веб-страница објави писмо што вчера му било доставено од холандската Служба за имиграција, во име на државниот секретар за правда и безбедност, Ерик Ван дер Бург, со коментар дека се работи за забрана изречена од „фашистичкиот холандски режим“,

Ајк е поранешен професионален фудбалер и телевизиски водител кој тврди дека со светот владеат рептили. Беше предвидено тој да зборува на протест во Амстердам против војната во Украина, холандската Влада и зголемувањето на цените на енергенсите.

Полицијата во Амстердам стравува дека ќе дојде до немири, дури и доколку Ајк се обрати и преку видео-врска.

„Со ова писмо Ве известувам дека на две години сте означени во Шенгенскиот информациски систем и дека не Ви е дозволен влез во Шенген-зоната“, се наведува во писмото, во кое уште се посочува дека со години Акт е меѓународно признаен како промотор на теории на завера.

Според холандските власти, присуството на Ајк би можело да доведе до немири во Холандија, во време на насилства и растечки закани по политичарите. Ова е вторпат властите во Хаг да воведуваат таква мерка, по забраната изречена во 2019 година за Стивен Андерсон, американскиот проповедник кој отворено се изјасни за ликвидација на хомосексуалците.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски