Холандија ќе донира 750.000 евра како итна помош за жителите од Појасот Газа

Од:

Холандија ќе испрати 750.000 евра како неопходна помош за жителите од Појасот Газа, изјави холандската министерка за надворешна трговија и развој Лилиане Плоумен.

Според неа, ситуацијата во Газа е сериозно загрижувачка.

– Најстрашно е што најмногу страда мирното население, вклучувајќи ги и децата, кои немаат никаква врска со конфликтот, истакна Плоумен.

Податоците на холандското Министерство покажуваат дека над 300.000 лица во реонот останале без своите домови, а околу 6.000 се повредени. На реонот му се заканува хуманитарна катастрофа, која организациите како што е Меѓународниот комитет на Црвениот крст се обидуваат да ја спречат.

За таа цел се потребни најмалку 14,5 милиони евра, а засега се обезбедени само 16 отсто од оваа сума.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

Дејвид Камерон: Поддршката на Велика Британија за Израел зависи од почитувањето на меѓународното право

САД: Револтирани сме од израелскиот напад во кој беа убиени хуманитарни работници

Израел уби седум хуманитарци, Нетанјаху тврди: Беше ненамерно