Холандија ги советува војниците да не патуваат со униформи во автобуси и возови

Од:

Холандското Министерство за одбрана ги советува војниците да не носат униформи во јавниот транспорт, поради зголемените закани дека земјата може да биде цел на напади на радикални муслимани.

Портпаролката на Министерството, Марлус Висер денеска изјави дека одлуката е донесена синоќа, кога Владата објави дека ќе испрати шест авиони-ловци Ф-16 кои ќе извршуваат воздушни напади врз терористичката група Исламска држава во Сирија и Ирак.

Соопштувајќи ја одлуката, холандскиот вицепремиер Лодевејк Асхер призна дека улогата на земјата во борбата против ИД носи опасност.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски