Холандија добива коалициска влада

Од:

Холандија ќе добие нова коалицисја влада, откако лидерите на двете најзастапени партии во парламентот постигнаа договор за формирање на влада.

Премиерот Марк Руте, лидерот на Либералната партија и претседателот на Работничката партија Дидерик Самсон, зад затворени врати, по повеќе недели преговори, постигнаа договор и со тоа го утврдија патот на новата проевропска влада, ориентирана кон штедење, јавуваат агенциите.

„Работничката партија сфаќа колку е ова важно, колку е важен овој договор за Холандија“, изјави Самсон.

Резултатите од септемвриските избори овозможија овие две холандски проевропски партии да формираат стабилна коалиција, а на Руте да му дадат прилика за втор премиерски мандат.

Би можело да ве интересира

Холанѓанец ја тужи државата и полицијата бидејќи го ставиле на списокот на потенцијални терористи

Холандија и дава уште 400 милиони евра на Украина

(ВИДЕО) Заложничка криза во бар во Холандија: Ослободени тројца заложници

Орце Костов

(ВИДЕО) Драма во Холандија: Луѓе заробени во кафуле, наредена итна евакуација

Судир меѓу полицијата и семејствата на исчезнатите во Ротердам: Уапсени двајца мажи

Две експлозии во Холандија, нема повредени

Горан Наумовски