Хјуман рајтс воч: Авганистанската војска изврши воени злосторства

Од:

Безбедносните сили на Авганистан, кои уживаат поддршка од ЦИА, извршиле воени и други злосторства, објави денеска Хјуман рајтс воч (ХРВ) во најновиот извештај.

Во извештајот на 50 страници обработени се 14 случаи од крајот на 2017 година до средината на 2019 година за кои ХРВ смета дека влегуваат во воени злосторства.

Авганистанските сили, како што тврди ХРВ, се одговорни за убиства на цивили за време на ноќните операции, вонсудските егзекуции, исчезнувањата на притворените и неселективните воздушни напади.

– Јакнејќи ги операциите против талибанците, ЦИА им овозможи на авганистанските сили да извршат злосторства како што се вонсудски егзекуции и исчезнувања, рече Патриција Госман, директорка на ХРВ за Азија.

Во извештајот се наведува дека ЦИА од 2001 година спроведува антитерористички операции во таа земја паралелно со воените операции на САД, но одделно од американските вооружени сили.

– Агенцијата за разузнавање продолжува да регрутира, опремува и обучува авганистански паравоени единици во потрага по талибанците, борците на Ал-Каеда и од 2014 година борците на Исламска држава, наведува ХРВ.

Портпаролот на ЦИА рече дека агенцијата своите операции ги изведува „во согласност со законот и со строг систем на набљудување“.

Според мисијата на ОН во Авганистан, во првите девет месеци од оваа година, во Авганистан загинале 2.500 цивили, а 5.600 се ранети. Провладините сили се одговорни за смртта на 1.149 цивили и за 1.200 ранети.

Би можело да ве интересира

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан

Османи на дискусија за поддршка на бранителите на демократијата од Авганистан: Македонија покажа одговорност кога тоа беше најпотребно

Орце Костов

Нов силен земјотрес го погоди западниот дел на Авганистан

Силен земјотрес е регистриран во Авганистан, на границата со Таџикистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан