„Хитроу“ продолжува со мерката за ограничен број опслужени патници на заминување

Од:

Управата на лондонскиот аеродром „Хитроу“ денеска соопштени дека до крајот на октомври се продолжува мерката за дневен лимит опслужени патници во заминување, како дел од напорите за справување со зголемената побарувачка за услуги, а во околности на недостиг од персонал.

На „Хитроу“ што е еден од најпрометните аеродроми во Европа, веќе е на сила мерката за ограничување на бројот опслужени патници на сто илјади дневно.

Привременото ограничување беше воведено минатиот месец, а од авиокомпаниите беше побарано да го намалат бројот летови во шпицот на сезоната за патувања, во услови кога сообраќајот е поинтензивен од капацитетот што може да го опслужи аеродромскиот персонал.

Аеродромот соопшти дека неговото привремено ограничување довело до „помалку откажувања на летови во последен момент“ и „пократко чекање за багаж“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он