Хирошима – 67 години од нуклеарниот напад

Од:

Јапонија денеска одбележува 67. години од првиот нуклеарен напад во светот, со церемонија на која присуствуваше и внукот на американскиот претседател Хари Труман кој нареди фрлање на атомската бомба.

Околу 50.000 луѓе се собраа во паркот на мирот во Хирошима во близина на епицентарот на експлозијата во 1945. година од која беше уништен целиот град а погинаа 14.000 луѓе.

Во експлозијата на втората атомска бомба која на 9. август за време на Втората светска војна беше фрлена на Нагасаки погинаа неколку десетина илјади луѓе, а Јапонија беше принудена да капитулира.

Церемонијата на која присуствуваа претставници на околу 70. земји почна со звукот на камбаните, а потоа и со минута молчење.

Внукот на претседателот Труман, Клифтон Труман Даниел и внукот на радарскиот оператор кој се наоѓал во двата авиони што ги фрлија бомбите се приклучија на одбележувањето на годишнината од нападот.

Внукот на Хари Труман одби да коментира дали одлуката на неговиот дедо била исправна.

„Јас сум помлад две генерации. Моја одговорност е сега да направам се што е во моја моќ, никогаш повеќе да не се употреби нуклеарно оружје“,изјави тој.

Тој кажа дека одлуката да дојде во Хирошима и Нагасаки е да се запознае со последиците од одлуката на неговиот дедо, што ќе му помогне во неговите заложби за свет без нуклерано оружје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силен земјотрес од 6,1 степен ја погоди Јапонија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Седуммина мртви во превртениот танкер кај Јапонија

ВИДЕО: Кај Јапонија се преврте танкер

Катерина Ѓуровски

Јапонија влезе во рецесија, Германија стана трета најголема економска сила

Силен земјотрес ја погоди Јапонија

Два авиони се судрија на писта, нов инцидент во Јапонија