Поранешната американска државна секретарка, Хилари Клинтон во својата нова книга, која што наскоро треба да биде објавена, напиша дека поранашениот француски претседател Никола Саркози сака да пренесува трачеви и да ги озборува своите колеги од светот.
-Пренесува трачеви и ноншалантно ги опишува другите светски лидери како лудаци и неспособни. Еден лидер е луд и наркомански зависник, а друг има војска која не знае да се бори-пишува Хилари Клинтон, пренесуваат француските медиуми.
Но, таа вели дека на крај секогаш со Саркози се договарале, бидејќи и покрај се тој бил вистински џентлмен.
Во книгата на Хилари која е насловена „Тешки избори“ се раскажува за поделбата во американската администрација во тек на арапската пролет во 2011 година.
Е. Г.