Хилари Клинтон: Ангела Меркел е најголемиот европски лидер

Од:

Поранешниот американски државен секретар Хилари Клинтон во текот на денешната посета на Берлин германскиот канцелар Ангела Меркел ја нарече „најголемиот европски лидер“, додавајќи дека „крајно време е и Америка да добие женски лидер“, не потврдувајќи дали самата ќе се кандидира за оваа функција.

Во интервју за весникот „Билд ам сонтаг“, Клинтон изјави дека за тоа дали ќе се кандидира на претседателските избори во САД во 2016 година ќе одлучи кон крајот на оваа или на почетокот на следната година, пренесуваат британските медиуми.

Промовирајќи ја својата  книга „Тешки избори“ во берлинскиот Шилер театар, Клинтон се пошегува за сличниот вкус во облекувањето меѓу неа и Меркел, затоа што двете носеле комплети со пантолони.

Таа истакна дека Меркел и глобално е голем лидер, потенцирајќи ја нејзината  водечка улога во решавањето на должничката криза во еврозоната.

-Ја носеше Европа на својот грб, а тоа не беше лесно, рече Клинтон.

Би можело да ве интересира

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Едно лице загина откако цистерна со нафта експлодира на автопат во Алабама

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат