Хезболах тврди дека не испраќа војници во Украина

Од:

Лидерот на либанското движење Хезболах, Саид Хасан Насралах, ги демантираше медиумските извештаи дека испраќа борци во војната во Украина, на страната на Русија, објави либанската телевизија „Ал Мајадин“.

– Никој од Хезболах, ниту борци ниту експерти, не отишол на таа арена или на која било од арените во такви војни, ги цитира „Ал Мајадин“, со седиште во Бејрут, неговите зборови.

Минатата недела рускиот претседател Владимир Путин даде зелено светло на речиси 16.000 доброволци од Блискиот Исток да се борат на страната на проруските бунтовници во Украина, објавија западни медиуми.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски побара помош од САД против рускиот „воздушен терор“

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Горан Наумовски

Зеленски го разреши секретарот на Советот за национална безбедност

Политико: На Украина очајно и требаат војници

(ВИДЕО) Силни експлозии во Киев

Горан Наумовски