Хезболах складира експлозивни хемикалии ширум Европа, тврдат САД

Од:

Координаторот на американскиот Стејт департмент за борба против тероризмот, Нејтан Сејлс, го обвини Хезболах дека складира хемикалии, што може да се користат за производство на експлозиви, во неколку европски земји. Тој ги повика земјите во Европа и светот да воведат забрани за таа организација.

– Зошто Хезболах би чувал амониум нитрат на европско тло? Одговорот е јасен: Хезболах го ставил оружјето таму за да може да изврши големи терористички напади секогаш кога тој или неговите господари во Техеран сметаат дека е потребно, рече Салес.

Тој изјави дека оперативците на Хезболах ги преместиле залихите на амониум нитрат од Белгија во Франција, Грција, Италија и Шпанија во изминатите години и дека се сомнева дека тие ќе продолжат да чуваат материјали низ цела Европа.

Сејлс на онлајн форум организиран од Американскиот еврејски комитет дека САД се сомневаат дека овие залихи се уште се наоѓаат низ цела Европа, најверојатно во Грција, Италија и Шпанија.

Тој додаде дека Хезболах е „унитарна организација што не може да се подели на воено и таканаречено политичко крило“.

Би можело да ве интересира

Хезболах истрела десетици ракети врз пограничен град на северот на Израел

Убиен командант на Хезболах во израелски напад врз Либан

ВИДЕО: Хезболах и Хутите се приклучија на иранскиот напад над Израел

Израел ги нападна позициите на Хезболах во источен Либан

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

ВИДЕО: Во израелскиот напад на Либан загинаа 11 лица, меѓу кои шест деца