Херсонската област наскоро ќе биде дел од Руската Федерација најавува прорускиот гувернер

Од:

Гувернерот на окупираниот Херсон во јужна Украина, назначен од Русија, изјави дека регионот наскоро ќе биде целосно интегриран во Русија.

Володимир Салдо, назначен од руските сили откако ја презеде контролата врз областа на почетокот на март, напиша на Телеграм дека регионот наскоро ќе стане област на Руската Федерација.

Неговиот заменик Кирил Стремусов објави дека граѓаните ќе можат да аплицираат за руско државјанство во наредните недели кога ќе се стабилизира ситуацијата.

Украинските власти постојано предупредуваа дека Москва планира лажен референдум за независност во регионот и на други места.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на почетокот на месецов изјави дека иднината на регионот зависи од волјата на населението.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ